Гоце по стапките на Гого, Јовчев дебитираше на голот на Вардар!

1540

Денешниот ден е ден за историја во семејството Јовчев. Имено Гоце Јовчев со само 18 години денеска го имаше своето деби на голот на Вардар. Гоце, инаку син на славниот Гого, денеска на мечот со Борец, доби шанса да го брани голот на својот Вардар во 80.минута и во тие десетина минути беспрекорно си ја заврши својата работа, како некогаш тоа што го правеше неговиот татко, Гого.

No description available.

Инаку Гоце е голем талент на мак – фудбалот, како и не би бил ако брани за Вардар, за нашиот најтрофеен клуб. Пред него е блескава голманска иднина.

Гого може да се гордее. Голманот, таткото, Гого, бранеше за репрезентацијата на Македонија, потоа за Вардар, Работнички, Слога Ј, Брегалница, Скопје, Беласица, Шкендија, Цементарница остави длабока трага во мак – фудбалот. По пензионирањето долго време беше и тренер на голмани во нашата А- репрезентација.

Гого може да се гордее со својот наследник Гоце, кој денеска го имаше својот прв настап за Вардар.

ПретходноСилен е овој Силекс, кратовци ја “расплакаа“ и Македонија ЃП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЦрна Гора се закани, но Германија оди во следната рунда!