Денеска во Струмица започнува 3. Меморијален меѓународен одбојкарски турнир во женска конкуренција, „Илија Караманов“. Меморијалниот турнир започнува со натпреварот меѓу Работнички и Скендербеу (Албанија) во 16:30 часот во салата на СОУ „Димитар Влахов“, а во 19:00 ќе се одигра и вториот натпревар во првиот ден на турнирот меѓу екипите на Наковски Волеј и Дрита (Косово).
Утре во вториот ден од турнирот во 11:00 часот ќе се игра мечот за 3. Место, а во 13:00 часот најдобрите ќе се борат за првото место на турнирот „Илија Караманов“.