Филип Кузмановски ќе се врати нешто порано на терените од последните најави. Македонскиот репрезентативец поради повреда на тетивите мораше да паузира околу три од четири недели.
Но, денеска доаѓаат одлични вести, Кузмановски се враќа порано од предвидувањата на докроторите, рехабилитацијата се одвивала добро, па е најавен за дуелот со Фленсбург, кој е закажан за денеска. Тој беше претходниот дуел во составот на Хановер, но не доби шанса токму поради повредата.
Ова е одлична вест и за македонската репрезентација, веќе во октомври стартуваат квалификациите за СП 2024 година. Македонија ќе игра против Турција и Луксембург.