Словенија преку Белгија за четвртфинале

73

Репрезентацијата на Словенија ја оправда улогата на фаворит во дуелот против Белгија и оствари пласман во четвртфиналето од Европскиот кошаркатски шампионат. Предмалку словенците предводени од Лука Дончиќ стигнаа до триумф од 88:72, а пресудна беше последната четвртина која „Змајчеките“ ја добија со 25:12.

Походот кон нова европска титула Словенија го продолжи пред се благодарение на Дончиќ кој постигна 35 поени и беше најјефикасен на овој дуел.

Словенија сега ќе го чека противникот за следната фаза од победникот помеѓу Украина и Полска.

 

ПретходноАргентинецот Хернандес победник на Охридскиот маратон!
СледноПолувреме во Ѓорче: Мрежите мируваат, Лазаревиќ исклучен…