„Спортот некогаш и сега“, со Дејан Савичевиќ во Подгорица!

179

„Моето детство беше посреќно отколку ова сега, кое е дигитализирани. Во мое време ние бевме Америка за Романија и Унгарија… Да беа парите, ПСЖ одамна ќе ја освоеше Лигата на шампионите“, беа ударните реченици кои можевме да ги чуеме на форимот „Спортот некогаш и сега“, организирано од Град Подгорица во престолнината на Црна Гора.

Интересен настан на кој учество покрај бројните спортости и спортски работници од Црна Гора учество земаа и бројни регионални, но и европски медуими меѓу кои и Спортмедиа.

Секако во фокусот од неколкудневното дружења и излагања беше неповторливиот Дејан Савичевиќ, најголемото фудбалско име во оваа земја и актуелен претседател на тамошната фудбалска фецерација:

„Голема е разликата од денешното и времето кога јас почнував да играм фудбал. Мислам дека сега технологијата премногу напредуваше во сите свери во животот и поради тоа се помалку деца се занимаваат со спорт. Тоа е проблем не семо кај нас, тоа е глобален проблем“, истакна големиот Дејо, кој од прва во свој стил ги фокусира разликите, проблемите и ги споредува времињата од некогаш и сега.

„Сепак ја би останал во моето време, а не сега. Тие години беа подобри и посреќни отколку сегашните. Тоа беа посреќни времиња во однос на овие кои сега ги живееме. Некогаш по улиците и ливадите не можеше место да се најде да се игра фудбал, денеска за жал тоа не е така. Во тоа време беше многу тешко да се игра за репрезентација, конкуренцијата беше премногу голема, а јас од една мала Црна Гора успеав во тоа. Па ние како млади кога одевме на натпревари во Романија и Унгарија, па ние за нив бевме Америка. Ма каков комунизам!? Ние живеевме во едни убави времиња, и години кои не правеа среќни“.

Савичевиќ кој е легенда на Црвена Звезда и Милан зборува и за сегашниот професионален фудбал. Вистинско уживање е да се слушаат неговите ставови но фокусот е во парите:

„Нема сега фудбал како пред дваесетина и повеќе години. Тогаш имаше повеќе клубови, конкуренција, изненадувања. Клубови како Вердер, како Валенсија кои знаеја да направат резултати, сензации и добри екипи. Сега се е сведено во 5-6 клубови. Таму се парите, конкуренцијата на пазарот е мала и затоа цените на трансферите заминаа премногу нагоре. Клубовите од Италија и мојот Милан станаа неконкурентни. Англија е местото каде се игра најдобар и најскап фудбал. Прво се појавија Руси, па Кинези  – еве сега и овие со нафтата почнаа да си играат фудбал. Но да беше се во парите ПСЖ одамна ќе освоеше Лига на шампиони. Но ете за среќа на фудбалот не е се во парите…“, истакна Савичевиќ.

Во делот на медимите и СПОРТМЕДИА со свој заклучок за „некогаш и сега“ и победата на онлајн медиумите со печатените изданија, но и за најновото време во кое новинарите ја губат битката со социналните мрежи и политиката на клубовите и спортостите да прават бариери со новинарите:

„Како се менува стилот на живот така се менува и спортот, па и медиумите. Сите од регионот сме свесни дека печатените медиуми практично и да не постојат. Она што некогаш го читавме по весниците сега го читаме онлајн. Добро е што постојат вакви форуми како вашиот во Подгорица на кој новинарите може да дискутираат за позитивните, но и негативните последици од развојот на технологијата, но и за спортот. Кај нас во Македонија речиси сите медиуми се на онјалн како начин на информирање на јавноста. Исто така тука се и друштвените мрежи. Клубовите и спортистите ги користат истите во преден план и поради тоа се создава бариера која на новинарите им ја отежнува работата да стигнат до посакуваните и вистински информации. Но само со вакви директни дискусии на новинари со претставници на федерации и клубобви може да се направи чекор напред и да се врати самодовербата и соработката да биде на повисоко и професионално ниво“, истакна нашиот новинар Игор Д. Ивановски.

Форумот во Подгорица траеше три дена и истиот е одличен пример како може преку дискусира и разговор да се дојде до позитивни ставови со кои ќе се направи барем чекор напред околу развојот на спортот во Црна Гора па и регионот.

Благодарност до колегата Милош Антиќ, за поканата и доброто гостопримство во Подгорица, но и на останатите колеги кои се одзваа на повикот и беа присутни во Подгорица со апел вакви форуми да има и во сите земји од нашиот регион.

ПретходноАлкалоид во Куманово по нови бодови, дерби во Кисела Вода
СледноГоразд Михаилов: Силекс и во Ѓорче сака да ја продолжи добрата серија!