Тие се четвртиот најбогат клуб во Англија, но никако не успеваат да излезат од Чемпионшип лигата!

665

Кога станува збор за богатите фудбалски клубови во Англија, веројатно прво на ум ви паѓаат Њукасл и Манчестер Сити. Челзи не заостанува многу зад нив според сопственичкото богатство, но четвртиот најбогат англиски клуб не игра ниту во Премиерлигата. Станува збор за Квинс Парк Ренџерс, кој е четвртти на листат ана најбогати фудбалски клубови во Англија, веднаш зад триото кое го споменавме погоре.

Главното богатство на КПР се темели на врските со Лакшми Митал. Митал беше прогласен за шестиот најбогат човек во Индија во 2021 година, бидејќи Форбс го процени неговото богатство на 12,86 милијарди фунти. И неговото партнерство со Тони Фернандес како сопственик на КПР значи дека тие вредат повеќе од „тешкашите“ во Премиерлигата, на пример, Арсенал и Ливерпул заедно.

Њукасл е со проценета вредност на „газдите“ од 500 милијарди фунти што ја засенува бројката од 19 милијарди фунти колку што вредат сопствениците на Манчестер Сити. Следен е Челзи бидејќи новиот конзорциум предводен од Тод Боли вреди вкупно 13,64 милијарди фунти. КПР сега е четвртти на листата со проценето богатство на сопственичкиот тим од 13,38 милијарди фунти, што шокантно ги става во самиот врв на ова англиското рангирање.

Митал своевремено беше прогласен за трета најбогата личност во светот, а извештаите сугерираат дека неговата ќерка Ваниша Митал ја имала втората најскапа венчавка запишаната во историја. И покрај богатството, КПР продолжува да се бори во Чемпионшип лигата со надеж дека еден ден че стигне во елитата на англискиот фудбал.

ПретходноВозачот на Вилијамс итно опериран пред утрешната трка на Монца
СледноФранција е прв четвртфиналист: Чеди Осман и Тунчер трагичари за Турција