Еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов, Ерлинг Халанд, даде свое мислење околу неговиот нов клуб Манчестер Сити, односно односо со менаџерот Пеп Гвардиола. Халанд ги поби мислењата на сите скептици дека нема да може да се снајде во системот на Сити кој преферира игра без класична деветка со тоа што постигна десет гола во седум мечеви на стартот на сезоната.
„Мислам дека е Пеп еден од оние фудбалски лудаци, како што сум јас. Двајцата живееме за фудбал, и тој бил играч, а сега е тренер и е потполно луд за фудбал. Тоа ми се допаѓа. Имам впечаток дека тој размислува само за фудбал дека живее само за тоа. Размислува само како да се подобриме, и тоа е мојот стил. Мислам дека добро се вклопивме иако системот не е лесен. Јас не сакав да губам време и затоа сакав што побргу да се прилагодам.Неговата фудбалска филозофија е тешка но е прекрасна“ – изјави Халанд.