Далас Маверикс настојуваат да изградат шампионски тим околу Лука Дончиќ и тргнаа да го доведат хрватскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Богдановиќ во пресрет на новата сезона во НБА лигата.
На триесет и тригодишниот Богдановиќ, кој моментално е со Хрватска на Евробаскетот, му завршува договорот со Јута Џез вреден 19,5 милиони долари. Заедно со Мавс, за него се заинтересирани и ЛА Лејкерс, Њујорк Никс и Феникс Санс.
Под знак прашалник е каков ќе биде интересот на Џезерите кои го обновуваат тимот и што може и што сака Далас да им понуди. Во 2023 година Мавс ќе бидат во добра позиција на „драфтот“ да му додадат барем уште една голема ѕвезда на Дончиќ, па прашање е колку од тоа можат и сакаат да жртвуваат за хрватскиот кошаркар.