Екипата на Лацио се врати на победнички колосек откако вечерва ја совлада Верона со 2:0 во рамките на Серија А. Во претходното коло римскиот тим изгуби дома од Наполи, а пред тоа одигра реми со Сампдорија, па им требаше триумф за враќање на самодовербата.
А Лацио го обезбеди со головите на Имобиле и Луис Алберто во второто полувреме. Инаку мечот имаше интересен финиш. Тренерот на Лацио Маурицио Сари беше прилично нервозен по што во еден момент покажа среден прст кон клупата на Верона.
Лацио ја запиша третата победа сезонава, а Верона е на 14. место со 5 бодови.
Maurizio Sarri, Hellas Verona yedek kulübesine orta parmak çekiyor. 🖕pic.twitter.com/h3iGVMYWeL
— Calcio Türkiye 🇹🇷🇮🇹 (@CalcioTurkey) September 11, 2022