Мбапе повторно на удар во јавноста – спречи гол на Меси (ВИДЕО)

870

Фудбалерите на ПСЖ вчера на домашен терен го совладаа Брест со 1-0 во рамките на 7. коло во Лига 1. Многумина очекуваа актуелниот француски првак да дојде до убедлива победа, но на „Паркот на принцевите“ беше виден само еден погодок. Истиот беше дело на Нејмар во 30. минута, а на асистенција на Лионел Меси.

Аргентинецот можеше да се запише во листата на стрелци, но го спечи Килијан Мбапе. Французинот оваа сезона се наоѓа на „мета“ на јавноста. Иако неговиот потег не беше со намера, сепак дел од навивачите немаат трпение.

Меси се најде пред голот на противникот, одлично ја прими топката, веќе сите го гледаа неговиот погодок, но наместо во мрежата топката отиде во аут, бидејќи Мбапе се најде на лошо место. Францускиот фубалер ги спаси гостите.


На многумина не им се допаѓа слободата која ја има Мбапе, а целата „фрка“ почна по расправијата со Нејмар, кој да изведува пенал. Претходно видовме дека Мбапе сака да биде во центарот на вниманието по секоја цена, место да го проигра Бразилецот, сакаше да постигне хет-трик, но беше спречен. Ваквите моменти ги иритира фановите на ПСЖ.

ПретходноПМФЛ: Шкупи со Седло по бодови со Работнички, “пандевци“ и Васоски на гости кај Тиквеш
СледноБесарт Ибраими: Струга ТЛ сака седум од седум, но Скопје мора максимално да се респектира!