ПМФЛ: Шкупи шампионски, седум од седум за Струга ТЛ, Победа ја шокираше Брегалница, Тиквеш не запира…

536

Во меч од 7.коло во ПМФЛ, на Чаир попладнево “пукна“ петарда. Шкупи во градското дерби против Работнички победи со импресивни 5:0. По водство на Гоце Седлоски шампионот одигра шампионски и успеа да му нанесе вистинска катастрофа на тимот од Градски парк, кој од 8.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Фати Исмаили.

Блескава Струга ТЛ и поппаднево победи, на свој терен момците на Захариевски славеа со 3:0 против Скопје за седма победа во седмиот меч сезонава. Малески, Ибрами со шестиот гол сезонава и Шабани беа стрелците за победничкиот тим.

Тиквеш не запира, успеа со 2:1 да ја победи А.Пандев на чија клупа беше повратникот Александар Васоски.

Најголемата сензација се случи во Прилеп, каде Победа ја шокираше Брегалница и ја победи со 1:0 со голот на Спиркоски.

Вчера Силекс среде Ѓорче успеа со 0:1 да слави над Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 7.КОЛО

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1:0

(Спиркоски 69./)

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 5:0

(Маргвелашвили 5, Реналдо 28, Ѓорѓиев 38., Куевен 40, Алварез 79./)

СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 3:0

(Малески 33., Ибраими 52., Шабани, /)

ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ 2:1

(Нгоба 13., Ивановски 25./Митровски (п) 37.)

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0:1

ПретходноПрв медал за Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан!
СледноГОЛЧИШТЕ на Валон Етеми!(ВИДЕО)