Каква сензација во Берлин, каков шок за Србија. Италија, а не Србија се пласира во четвртфиналето каде ќе игра со Франција. Блескавата Италија со 94:86 ја победи Србија во еден шокантен меч. Имено Јокиќ и другарите имаа и +12 поени предност, но тогаш застанаа. Италија се разигра, успеа да се врати и почна да игра како во транс.
Треба да се каже дека во третата четвртина италијанскиот селектор Поцеко беше исклучен на шест разлика за Србија. И од тој момент на „аѕурите“ им тргна се од рака. Тројки, двојки, поените се редеа, во средината на последната четвртина имаа дури 12 поени предност. Србија очигледно беше во шок во тие моменти, дури ни Јокиќ и Мициќ не знаеја што да прават.
Најдобар поентер на мечот беше Јокиќ со 32 поени, но бадијал, кај победникот Мели и Спису беа брилјантни со по 22 поени.
Супер интересно, на сите три досегашни мечеви резултатот беше 94:86.