Грците ја елиминираа Чешка, познати сите четвртфинални двојки на Евробаскетот

238

Грчката кошаркарска репрезентација се пласира во четвртфиналето на Евробаскетот по победата над Чешка со 94:88. Инаку Грците имаа доста проблеми против ривалот затоа што губеа со четири поени пред почетокот на последната четвртина.
А таму Грците отворија со серија 6:0 и го свртија резултатот во своја корист. Момците на Димитриос Итудис тука одиграа фантастично, ја зголемуваа предноста со што го трасираа патот до победата.
Јанис Антетокумбо беше најдобриот грчки играч со 27 поени, а одлични беа Ник Калатес со 14 односно Јанис Папапетру со 13.
Кај Чесите петмина имаа двоцифрен број на поени, најмногу Јан Весели со 21, Војтех Хрубан 17, Балвин и Ауда по 12 и Бохачик 11.
Во четвртфиналето ќе играат со Германија.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ГЕРМАНИЈА – ГРЦИЈА
ШПАНИЈА – ФИНСКА

СЛОВЕНИЈА – ПОЛСКА
ФРАНЦИЈА – ИТАЛИЈА

ПретходноЧави е новиот рекордер во Ла Лига!
СледноЈувентус израмни во 93. минута, па погоди во 95. за победа но судијата им го поништи голот (видео)