Дијаз го „успа“ Фергусон, Чимаев без примен удар го доби Холанд (ВИДЕО)

344

УФЦ 279 што се одржа во Лас Вегас ќе биде запаметен по битката на ветерените меѓу Нејт Дијаз и Тони Фергусон.

Дијаз дојде до победа против Фергусон и судајчи според се ова беше последна борба за него бидејќи најави напуштање на ММА организацијата.

Двајцата во мечот влегоа со отворен гард, што пак беше спектакл во средбата меѓу овие легенди.

Нејт битката ја доби во четвртата рунда со потег кој е негов заштитен знак, со гилотина и го натера да се предаде. Така Дијаз во 4-та рунда го гилотинираше „Ел Кукуј“.


Со оваа победа Дијаз ја прекина серијатра од два порази и сега е слободен агент. Нејт изјави дека сака да помине некое време надвор од УФЦ. Фергусон е во серија од 5 порази и најверојатно ќе биде ослободен од УФЦ.

Чеченската ѕвезда Хамзат Чимаев го прегази Кевин Холанд за нешто повеќе од 2 минути. Се бореа во битка до 82 килограми.

ПретходноАнсу Фати ги воодушеви навивачите на Кадиз!
СледноПМФЛ: Шкупи со Седло по бодови со Работнички, “пандевци“ и Васоски на гости кај Тиквеш