Кикс на Аталанта против Кремонезе (ВИДЕО)

70

Екипата на Аталанта на отворањето на денешната програма од Серија А, одигра само 1:1 против Кремонезе на домашен терен, што со оглед на амбициите на овој тим сезонава се смета за кикс.

Домаќинот долго се мачеше да дојде до водство, и истот пристигна во 74. минута преку Демирал.

Сепак, само четири минути потоа, Валери израмни на 1:1 и го постави конечниот резултат на овој дуел.

На овој начин Аталанта стигна до 14 поени исто колку и лидерот Наполи, а Кремонезе е сеуште на последните позиции од табелата без победа сезонава.

ПретходноПолска преку Украина со четвртфинале против Словенија
СледноНема фудбал во Лондон и следниот викенд