Фудбалерите на ПСЖ вчера на домашен терен го совладаа Брест со 1-0 во рамките на 7. коло во Лига 1. Многумина очекуваа актуелниот француски првак да дојде до убедлива победа, но на „Паркот на принцевите“ беше виден само еден погодок. Истиот беше дело на Нејмар во 30. минута, а на асистенција на Лионел Меси.
Аргентинецот можеше да се запише во листата на стрелци, но го спечи Килијан Мбапе. Французинот оваа сезона се наоѓа на „мета“ на јавноста. Иако неговиот потег не беше со намера, сепак дел од навивачите немаат трпение.
Меси се најде пред голот на противникот, одлично ја прими топката, веќе сите го гледаа неговиот погодок, но наместо во мрежата топката отиде во аут, бидејќи Мбапе се најде на лошо место. Францускиот фубалер ги спаси гостите.
MESSI WHAT A PASS OMG HE ALMOST SCORED BUT IT HIT MBAPPÉ AND WENT OUT NOOOO#Messi pic.twitter.com/lh1qWjumry
— Ehsan ul haq (@the_ehsanulhaq) September 10, 2022
На многумина не им се допаѓа слободата која ја има Мбапе, а целата „фрка“ почна по расправијата со Нејмар, кој да изведува пенал. Претходно видовме дека Мбапе сака да биде во центарот на вниманието по секоја цена, место да го проигра Бразилецот, сакаше да постигне хет-трик, но беше спречен. Ваквите моменти ги иритира фановите на ПСЖ.