Нема фудбал во Лондон и следниот викенд

332

Смртта на кралицата Елизабета во Велика Британија направи овој викенд да бидат одложени мечевите како од Премиер лигата, така и од преостанатите пониски дивизии. Викендов воопшто не се играше фудбал во Англија, а на ниво на Лондон најверојатно тоа нема да се случи и следниот викенд.

Имено, за 19 септември е закажан погребот на краицата, па од безбедносни причини на 18 одосно 19 најверојатно ќе бидат забранети поголеми собири во главниот град. Па така, мечевите од редовното коло, Челзи – Ливерпул, Тотенхем – Лестер и Брендфорд – Арсенал нема да бидат одиграни во овој термин односно ќе бидат одложени.

Одлуката сеуште не е официјално донесена, има најави да се промени само домаќинот на дуелот, односно наместо Челзи, Ливерпул да биде домаќинот, што тешко дека би било прифатено од финансиска причина.

 

ПретходноКикс на Аталанта против Кремонезе (ВИДЕО)
СледноЈунајтед преговара за ангажирање на Сантијаго Аријас