Селекторот на Србија Светислав Пешиќ им честиташе на италијанските кошаркари на победата, а потоа ги кажа причините за поразот на неговата репрезентација. Србите беа огромни фаворити за титулата, но се сопнаа во првата нокаут рунда.
„Честитки до Италијанците, ја заслужија оваа победа. Одиграа физички јако. Ние не искористивме отворени шутеви, но најголемиот проблем ни беше недостаток на континуитет во одбраната. Не успеавме да врземе три добри одбрани во низа, а тие од тоа ја градеа самодовербата, погодуваа, имаа офанзивни скокови… Секако дека сме разочарани, затоа што сакавме да одиме до крај. Тие беа во подобра физичка состојба. Кошарка играте со раце, глава, ум, но ви се потребни и нозете. Нашите играчи немаа „свежи нозе“ за натпреварот. А одбрана без нозе не е можна. Тоа беше нашиот прв проблем. Италијанците одлично ја подаваа топката, играа агресивна одбрана до раб на фаули… се на се одиграа одличен меч“, вели Пешиќ.