Во меч од 7.коло во ПМФЛ, на Чаир попладнево “пукна“ петарда. Шкупи во градското дерби против Работнички победи со импресивни 5:0. По водство на Гоце Седлоски шампионот одигра шампионски и успеа да му нанесе вистинска катастрофа на тимот од Градски парк, кој од 8.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Фати Исмаили.
Блескава Струга ТЛ и поппаднево победи, на свој терен момците на Захариевски славеа со 3:0 против Скопје за седма победа во седмиот меч сезонава. Малески, Ибрами со шестиот гол сезонава и Шабани беа стрелците за победничкиот тим.
Тиквеш не запира, успеа со 2:1 да ја победи А.Пандев на чија клупа беше повратникот Александар Васоски.
Најголемата сензација се случи во Прилеп, каде Победа ја шокираше Брегалница и ја победи со 1:0 со голот на Спиркоски.
Вчера Силекс среде Ѓорче успеа со 0:1 да слави над Македонија ЃП.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 7.КОЛО
ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1:0
(Спиркоски 69./)
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 5:0
(Маргвелашвили 5, Реналдо 28, Ѓорѓиев 38., Куевен 40, Алварез 79./)
СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 3:0
(Малески 33., Ибраими 52., Шабани, /)
ТИКВЕШ – А.ПАНДЕВ 2:1
(Нгоба 13., Ивановски 25./Митровски (п) 37.)
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0:1