Поништена најсрамната одлука: Ѓоковиќ оди во Австралија по „одмазда“!

350

Новак Ѓоковиќ поради одлуката да не се вакцинира не настапи на Австралија Опен, по големи драми и карантини беше депортиран назад. Српскиот тенисер поради истата причина не допатува на УС Опен.

По сите „голготи“, конечно добра вест за него.

Според информациите до кои дојдоа медиумите од Австралија, а ги пренесоа и цитираа многумина од Европа, на Новак Ѓоковиќ ќе му биде укината тригодишната суспензија, а трофејниот тенисер може да се појави во Мелбурн следниот јануари.

Како што пренесува локалниот весник „Харалд Сан“, австралиските власти одлучиле да ја поништат одлуката која стапила во сила веднаш штом Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија претходниот јануари.

Со тоа барем делумно ќе се исправи неправдата што му беше нанесена на Ѓоковиќ претходната зима. Потсетуваме, по депортирањето од Австралија, Ѓоковиќ доби и три години забрана за влез во земјата, бидејќи според тамошните закони се обидел илегално да влезе во Австралија. Во меѓувреме, Владата се смени и омразениот Скот Морисон повеќе не е премиер и сега таа функција ја извршува Ентони Албанес, а правилата за влез во Австралија се поинакви. Се чини, многу поповолно за Новак.

Очигледно, најдобрите светски тенисери нема да мораат да даваат доказ за вакцинација кога ќе влезат на првиот голем турнир сезонава, што значи дека нема никакви пречки Новак Ѓоковиќ да игра на омилениот Грен слем. За потсетување, Новак Ѓоковиќ во досегашната кариера девет пати го освојуваше турнирот во Мелбурн, а во претстојното натпреварување би можел да го достигне рекордот на Рафаел Надал од 22 Грен слем во кариерата.

ПретходноНајдобрата тенисерка во светот го освои УС Опен
СледноАнсу Фати ги воодушеви навивачите на Кадиз!