Порака од Кавадарци: МНОГУ СМЕ ЈАКИ!

979

Тиквеш едноставно не запира. По Шкупи во средата, денеска уште еден фаворит на колена во Кавадарци. Тиквеш – А. Пандев 2:1, уште една победа, уште нови три бода. И кога веќе е така следува вообичаеното победничко селфи… и порака од Кавадарци: МНОГУ СМЕ ЈАКИ…

Тиквеш уште во Кратово, кога водеше со 2:1, а загуби несреќно со 3:2, покажа дека знае и тоа како да игра фудбал. Нгоба одново е херој, како и Ивановски, а го нема Влатко Костов. Некои нови ветришта во Кавадарци.

Струмичани не успеаја да освојат ниту бод. Очигледно тимот е во криза, ниту Васоски не успеа да го врати тимот.

ПретходноПЕРФЕКТНА Струга Трим Лум!
СледноУС Опен финале: Алкараз VS Руд, битка за првата гренслем титула!