Прва рунда: Вардар 1961 vs Пелистер за Супер-куп трофејот!

320

Вардар 1961 низ годините доминира во македонскиот ракомет. Ретко кој успеал да го симне од тронот или пак да му земе еден од трофеите, особено по распадот на најголемиот конкурент Металург.

Битола од неодамна почна да се буди на ракометно поле, изгради нов имиџ и испрати порака дека брендот ќе го чува долго време. Иако од стартот се вложуваа илјадници евра во играчи и стручен штаб, Пелистер до сега сериозно не му се закани на Вардар. Лани имаше шанси, но покажа дека треба многу повеќе за да се стане првак.

По минатогодишните интересни битки, првата рунда од новото издание на двата тима, Вардар 1961 и Пелистер е закажана за вечерва (20 часот). Во Охрид ќе се одигра Супер-купот на Македонија, во која силите ќе ги одмерат актуелниот освојувач на двете круни и вицепрвакот.

„Црвено-црните“ можеби го немаат составот и имињата од лани, но го имаат македонскиот рецепт за трофеи, што пак до сега се покажа како клучен во важните битки. На другата страна Пелистер, кој направи целосна реконструкција на составот време е да испрати порака дека е созреан за домашните трофеј мечеви, почнувајќи од Супер-купот па до крајот.

Денешната пресметка ќе биде најава за она што не очекува во продолжение на сезоната, двата тима ќе знаат со какви сили ќе располагаат за единствената цел – трофеите во домашниот шампионат.

ПретходноЦрногорците огорчени: Ова е катастрофа! Игравме „осум на пет“!
СледноСоопштение на ФК Пелистер: Судијата Грујоски не оштети