Ристовски стрелец во победата на Спартак Трнава

119

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски постигна гол во триумфот на неговиот Спартак Трнава на гостувањето кај Тренчин со 2:0 во најсилната словачка лига. Тој го отвори резултатот во 27. минута кога доби топка од Ерик Даниел во срцето на шеснаесетникот, а таму нашиот напаѓач ја смести топката во мрежата.
Нашиот репрезентативец имаше уште две-три добри шанси но гостинскиот голман беше успешен. Ристовски излезе во 74 минута.
Инаку ова е трет гол на нашиот фудбалер сезонава во Првата словачка лига.
Спартак е втор на табелата со 18 бодови по 10 кола, четири помалку од лидерот Слован кој има и меч помалку.

ПретходноСелекторот на Италија плачеше кога го исклучија, не сонуваше дека ќе играат 1/4 финале (ВИДЕО)
СледноЛацио победнички, Сари покажа среден прст (видео)