Е.Пелистер на само почната сезона подигна три пехари. Битолчани го освоија трофејот на Меѓународниот турнир во Струга, потоа во Задар го подигнаа трофејот за третото место на фајнл-фор завршницата, а вечерва по вторпат во својата историја го освоија Супер-Купот на Македонија.
Ракометарите на Пелистер ја добија супер-драмата со Вардар 1961 совладувајќи го со 23-22 за голема радост на битолчани, кои очекуваат од својот тим да бидат на тронот на крајот на оваа сезона.