ФК Пелистер по вчерашниот пораз од Гостивар на домашен терен со 1:3 во рамките од редовното коло во ВМФЛ шампионатот, излезе со соопштение во кое отворено се жали на арбитражата на судијата Александар Грујоски од Кичево. Поточно за досудениот пенал кој директно влијаеше на конечниот резултат на дуелот.
Овој меч инаку беше окарактеризиран како дерби средба помеѓу два тима директни конкуренти и кандидати за пласман во ПМФЛ следната сезона.