Наполи дојде до победа против Специја, со гол во 89. минута славеше со 1-0. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде во стартниот состав, но и во центарот на вниманието. Во еден момент од дуелот тој го налути својот тренер, Лучијано Спалети, кој буквално врескаше против нашиот дијмант.
По оваа средба стратегот на Наполи зборуваше и за Елмас, потенцира дека има голем квалитет и дека ќе стане топ фудбалер во Европа, со тоа што ќе мора да направи нешто повеќе.
„Елмас? Минатата сезона имаше одлични натпревари, но тој е тој што одлучува дали ќе направи нешто поинаку. Сега има поинаков став од лани, без разлика дали го стартува мечот или пак почнува од клупата. За мене тој е исклучителен фудбалер, има квалитети на трчање, техника. Мислам дека ќе стане топ фудбалер на европско ниво“, изјави стратегот на Наполи и додаде:
„Оваа сезона тој има еден поинаков пристап во играта и ние не би го имале истиот квалитет без него. Тој е навистина извонредна и за тимот носи поофанзивни опции од Зјелинки. Свесни сме дека тоа што не игра во континуитет не му носи добро, но верувам дека ќе биде уште подобар без разлика дали стартува на натпреварите или влегува од клупа. Знаеме дека тој може многу да направи за тимот на најтешките натпревари од сезоната кои ќе следат“.
Luciano mi ammazza pic.twitter.com/mBk6sSnsRX
— $eñor PæP (@peppismo) September 10, 2022