Супер гол на Валверде, Реал со пресврт до победа! (ВИДЕО)

134

Во меч од 5.коло попладнево на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал Мадрид не така лесно успеа да дојде до триумф над Мајорка со 4:1. Муричи во 35.минута ги “смрзна“ сите на “Бернабеу“ со гол за водство на гостите од 0:1.

Сепак, потегот на мечот го имаше Валверде, кој во 45+3.минута истрча повеќе од шеесетина метри успеа да го совлада гостинскиот голман за израмнување.

Кралевите“ во 73.минута прават целосен пресврт, одличното додавање на Родриго, неговиот сонародник Винициус Жуниор успеа да дојде до 2:1.

Но тоа не беше се, во 89.минута Родриго самиот постигна гол за 3:1, а во самиот финиш Рудигер со деби голот се запиша во листата на стрелците за конечни 4:1.

Да кажеме дека Бензема, поради повреда, не беше во тимот на Карло Анчелоти.


ПретходноЈунајтед преговара за ангажирање на Сантијаго Аријас
СледноФерстапен најбрз и во Монца!