УЕФА објави нов термин за мечот Ренџерс-Наполи

164

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека натпреварот помеѓу Ренџерс и Наполи од Лигата на шампионите кој првично требаше да се одигра во вторник, 13 Септември е презакажан за ден подоцна, 14 Септември од 21:00 часот.
Поради смртта на кралицата Елизабета Втора во Глазгов лимитиран е бројот на слободни полициски службеници кои би го обезбедувале стадинот „Ајброкс“ па поради тоа УЕФА го премести мечот за 24 часа со што полицијата ќе може да се реорганизира и да го обезбеди стадионот.
Двата клуба се договорија да нема гостински навивачи. На „Ајброкс“ ќе нема навивачи на Наполи, а на реваншот на „Сан Паоло“ нема да има навивачи на Ренџерс. УЕФА ги предупреди фановите на Наполи да не патуваат на своја режија за да се избегнат несакани проблеми.
Другиот меч од оваа група, помеѓу Ливерпул и Ајакс ќе се одигра според планот, на 13 Септември од 21:00 часот.

ПретходноДрама со хепи-енд за битолчани: Супер-Куп трофејот повторно во рацете на Пелистер!
СледноСезоната штотуку почна, а Пелистер веќе подигна три пехари (ФОТО)