Екипата на Јувентус беше пред пораз на домашен терен од Салернитана но успеа да извлече реми 2:2 со гол во судиското продолжение на натпреварот. „Старата дама“ губеше од Салернитана со 1:2, па со гол во 93. минута успеа да освои бод. Додуша малку фалеше и да победи, но судијата им ја спречи радоста поради офсајд при голот во 95 минута за пресврт.
Некогашниот фудбалер на Јуве, Антонио Кандрева погоди за водство на Салернитана во 18. минута, а зголеми полскиот репрезентативец Кжиштов Пјонтек во 45 минута од пенал откако претходно Бремер играше со рака во својот шеснаесетник.
А Бремер во 51 минута го намали резултатот, па се чекаше фурија во последните моменти. Судијата покажа пенал за Јуве. Леонардо Бонучи се обиде но неговиот обид го одбрани голманот, сепак, одбиената топка Бонучи ја смести во мрежата за 2:2.
Во наредната акција погоди Арек Милик. А радоста на домашните ја пресече судијата Марсенаро кој по реакција на ВАР покажа офсајд на еден фудбалер на Јуве при ударот на Пјонтек со глава кон голот на противникот. Тоа го збесна Полјакот кој си заработи црвен картон, а истовремено „поцрвенеа“ Квадрадо но и тренерот Макс Алегри поради бурна реакција по поништениот гол.
ГОЛОТ НА КАНДРЕВА НА ОВОЈ ЛИНК