Ансу Фати ги воодушеви навивачите на Кадиз!

344

Натпреварот меѓу Кадиз и Барселона го одблежаа немили сцени на трибините во самиот финиш. Главниот судија го прекина мечот во 81. минута, откако навивачите му сигнализираа дека нешто се случува, поточно на еден од нив не му е добро.

Лекарските екипи на двата тима истрчаа на трибините да му помогнат на навивачот кој добил срцев удар. По половина час борба за животот на навивачот, докторите успеаја да го реанимираат, веднаш беше префрлен во болница.

Мечот продолжи, се одиграа последните девет минути. Во 86. минута Ансу Фати на асистенција на Роберт Левандовски постигна гол за 3-0, по што со еден погодок ги воодушеви навивачите на Кадиз.

Тој тргна да слави, но сфати дека на стадионот на никого не му е до фудбал, па веднаш побара прошка.

До крајот на натпреварот Барселона постигна уште еден гол, Дембеле ги постави конечните 4-0 со фантастичен гол, но истиот не го прослави.

ПретходноПоништена најсрамната одлука: Ѓоковиќ оди во Австралија по „одмазда“!
СледноДијаз го „успа“ Фергусон, Чимаев без примен удар го доби Холанд (ВИДЕО)