Лацио победнички, Сари покажа среден прст (видео)

248

Екипата на Лацио се врати на победнички колосек откако вечерва ја совлада Верона со 2:0 во рамките на Серија А. Во претходното коло римскиот тим изгуби дома од Наполи, а пред тоа одигра реми со Сампдорија, па им требаше триумф за враќање на самодовербата.
А Лацио го обезбеди со головите на Имобиле и Луис Алберто во второто полувреме. Инаку мечот имаше интересен финиш. Тренерот на Лацио Маурицио Сари беше прилично нервозен по што во еден момент покажа среден прст кон клупата на Верона.
Лацио ја запиша третата победа сезонава, а Верона е на 14. место со 5 бодови.

ПретходноРистовски стрелец во победата на Спартак Трнава
СледноПо елиминацијата на Србија: Се врти видеото од журка на Теодосиќ за збогум (ВИДЕО)