Нестор влезе, па Удинезе победи! (ВИДЕО)

188

Попладнево се одиграа три меча во Серија А во рамките на 6.коло. Удинезе на Илија Несторовски како гостин убедливо славеше на гости кај Сасуоло со 1:3, но треба да се каже дека домашните имаа водство од 1:0 и тоа со голот на Фратези во 33.минута. И така беше се до 67.минута кога Илија Несторовски влезе на терен, а само неколку минути подоцна Удинезе израмни со голот на Бето. До крајот Бето постигна уште ден гол, исто и Самарџиќ за конечни 1:3 за Удинезе.

Болоња со 2:1 успеа да ја победи Фиорентина, додека Лече и Монца ги поделија бодовите играјќи 1:1.

ПретходноПолувреме: Шкупи го “толчи“ Работнички, Малески за радост кај Струга ТЛ, Тиквеш има водство со “пандевци“!
СледноПрв медал за Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан!