Пешиќ пред дуелот со Италија порача: Не ширете лажен оптимизам!

244

Денеска ќе бидат комплетирани четвртфиналните двојки на Евробаскетот. Први на теренот ќе истрчаат Полска и Украина, во раниот термин од 12 часот, победникот од оваа средба оди на Словенија.

Во центарот на вниманието се репрезентаците на Србија и Грција. Нашиот северен сосед ќе игра во терминот од 18 часот против Италија. Иако избраниците на Светислав Пешиќ се фаворити, сепак предводникот на Србија порача да не се шири лажен оптимизам, бидејќи секој меч има своја тежина. Доколку неговата репрезентација ја добие оваа средба за место во полуфиналето ќе се бори со Франција.

„За да играчите имаат душевен мир и да се подготват за задачите, треба вие малку да се смирите, да не ширите лажен оптимизам бидејќи се работи за голем тим како Италија. На почетокот кажав дека ова е Европско првенство и дека кога ќе почнат елиминациските натпревари – се е можно. Ова не е плејоф со три или пет победи и видовте колку изненадувања. Ни се смеевте кога загубивме од Белгија, истото и се случија и на Шпанија. Додуша на неутрален терен“, изјави тренерот Светислав Пешиќ.

Пред оваа средба Хрватска ќе игра против Финска (14:45 часот), додека пак еден од големите фаворити исто за тронот на овој Евробаскет, Грција ќе ги одмери силите со Чешка (20:45 часот). Грција веќе сите ја гледаат на мегдан со Германија во четвртфиналето, против Чешка е голем фаворит.

ПретходноСпалети врескаше по Елмас, па порача: Елиф може да стане топ фудбалер во Европа (ВИДЕО)
СледноАлтипармаковски: Сите ние во Брегалница не смееме ниту да помислиме дека во Прилеп ќе биде лесно!