ПМФЛ: Шкупи со Седло по бодови со Работнички, “пандевци“ и Васоски на гости кај Тиквеш

218

Попладнево од 16 часот на програмата се четири меча од 7.коло во ПМФЛ. Се очекува најинтересно да биде на Чаир, каде домашниот Шкупи во скопското дерби со Работнички посакува рехабилитација по двата порази едноподруго. Гоце Седлоски повторно ќе биде на клупата, па затоа и сите во клубот сметаат дека е време за победа. Сепак Работнички е одморен, минатото коло паузираше, а и не е тој Работнички од стартот на сезоната.

Во Кавадарци домашниот Тиквеш на крилјата на триумфот над Шкупи во средата, сега го чека дуел со А. Пандев. Струмичани исто така имаат повратник на клупата, а тоа е Александар Васоски. Струмичани се во криза, па се надеваат дека со старо – новиот тренер ќе им тргне. Се знае, Седлоски се врати во Шкупи по само неколку дена, Васоски пак по осум месеци.

Во Струга лидерот го дочекува составот на Скопје, додека во под “Маркови Кули“ гостува Брегалница.

Вчера на отворањето на 7.коло Македонија ЃП дома беше поразена од Силекс со 0:1.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Струга ТЛ – Скопје

Тиквеш – А.Пандев

Шкупи – Работнички

Победа – Брегалница

ВЧЕРА:

Македонија ЃП – Силекс 0:1

ТАБЕЛА

1.Струга ТЛ 18 (6)

2.Силекс 14 (7)

3.Шкендија 11 (6)

4.Брегалница 10 (5)

6.А.Пандев 7 (6)

7.Шкупи 7 (5)

8.Тиквеш 7 (6)

9.Македонија ЃП 5 (6)

10.Работнички 4 (5)

11.Скопје 3 (5)

12.Победа 1 (5)

ПретходноДијаз го „успа“ Фергусон, Чимаев без примен удар го доби Холанд (ВИДЕО)
СледноМбапе повторно на удар во јавноста – спречи гол на Меси (ВИДЕО)