Полска преку Украина со четвртфинале против Словенија

65

Кошаркарската репрезентација на Полска е следниот четвртфиналист на Европскиот шампионат. Полјаците предмалку во осминафиналето беа подобри од Украина со конечни 94:86, и на тој начин си закажаа дуел со фаворитот Словенија инаку бранител на титулата.

Не е толку што Полска одигра добар меч туку Украина доигра лошо денеска. Украинците немаа константа на овој меч, и затоа загубија. Почнаа лошо, па се вратија во втората четвртина. Слично и во вториот дел. Во последната делница Полска имаше шест поени предност, Украина се врати на само минус два, но немаше концентрација и сила за конечен триумф.

Слаугтер со 24 поение најдобар, а веднаш по него Понитка со два помалку.

 

ПретходноИнзаги: Ја посакувавме победата по секоја цена
СледноКикс на Аталанта против Кремонезе (ВИДЕО)