Реал Мадрид му нуди нов договор на Карло Анчелоти

148

Тимот на Реал Мадрид размислува наскоро да му понуди нов договор на тренерот Карло Анчелоти за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Италијанецот е до летото 2024 година, а тој изјави дека има намера да се пензионира по неговото истекување. Сепак, менаџментот на Реал ќе се обиде да го убеди да остане подолго на „Сантијаго Бернабеу“.

Анчелоти има 63. години во моментов, и ова му е во втора сезона во Реал. Тој се врати во клубот минатото лето и во својата прва сезона на чело го предводеше тимот до триумф во Ла Лига, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез е повеќе од задоволен од работата на Анчелоти и затоа планира да му понуди нов договор. Во оваа фаза не е јасно колку долго ќе трае новиот договор и дали тренерот воопшто ќе се согласи на повторно потпишување, иако шансите за тоа не се мали.

Со минатогодишната титула во Лигата на шампионите, Анчелоти стана најуспешниот тренер во историјата на ова натпреварување со четири трофеји. Неговиот триумф во Ла Лига го направи првиот тренер кој освоил титули во сите големи лиги во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.

ПретходноСоопштение на ФК Пелистер: Судијата Грујоски не оштети
СледноИнзаги: Ја посакувавме победата по секоја цена