Сезоната штотуку почна, а Пелистер веќе подигна три пехари (ФОТО)

266

Е.Пелистер на само почната сезона подигна три пехари. Битолчани го освоија трофејот на Меѓународниот турнир во Струга, потоа во Задар го подигнаа трофејот за третото место на фајнл-фор завршницата, а вечерва по вторпат во својата историја го освоија Супер-Купот на Македонија.

Ракометарите на Пелистер ја добија супер-драмата со Вардар 1961 совладувајќи го со 23-22 за голема радост на битолчани, кои очекуваат од својот тим да бидат на тронот на крајот на оваа сезона.

ПретходноУЕФА објави нов термин за мечот Ренџерс-Наполи
СледноЧави е новиот рекордер во Ла Лига!