Втор меморијален меѓународен турнир „Драган Василов Цевка“

190

Oд 15. до 18. септември во Скопје ќе се одржи нов собир во чест на еден од најпознатите македонски стручњаци во млади категории, Драган Василов Цевка.

Турнирот е предвиден за кошаркари родени 2008 година и помлади, а годинава ќе учествуваат осум екипи.

Од Македонија ќе играат Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска, како и Црвена Звезда и Триумф од Србија. Минатата сезона трофејот го освои словенечкиот клуб Слован.

Меморијалниот турнир кој е предвиден да се одигра во периодот од 15. до 18. септември, е во спомен на еден од најпознатите и најтрофејни македонски стручњаци во младинска конкуренција Драган Василов – Цевка кој почина во август 2020 година.

ПретходноФото на денот: Играчите на Струга ТЛ со торта му го честитаа роденденот на тренерот Захариевски!
СледноСкопје, Љуботен и Воска без да играат се пласираа во 1/8 финалето во Купот на Македонија!