Очекувано. Љупчо Марковски – Калц не е веќе тренер на Работнички.Велиме очекувано ако се знае дека тимот од Градски парк под негово водство имаше кататсрофаен старт на сезоната, а посебно по онаа вчерашна катастрофа од Шкупи на Чаир, кога Работнички загуби со 5:0.
Марковски издржа само два месеци на “жешкото столче“ на Работнички. Тој беше доведен пред стартот на подготовките, издржа седум кола, но се чини разделбата и тоа како беше очекувана.
Значи продолжуваат тренерските смени во ПМФЛ, денешната е онаа во Работнички.
Инаку од клубот велат дека на куп средбата во среда, против Коњаре, тимот ќе го води Стијан Игњатов.