Менаџерот на Селтик, Анге Постекоглу, ќе биде најверојатниот нов менаџер на премиерлигашот Брајтон. Греам Потер кој досега ги предводеше „галебите“ го напушти тимот и седна на клупата на Челзи.
Тренерот на младинците, Ендрју Крофтс, беше поставен како привремен главен тренер на првиот тим, но управата на Брајтон се надева дека скоро ќе го реши прашањето со предводникот на тимот. Покрај Постекоглу, и тренерот на Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен и поранешниот менаџер на Сасуоло, Роберто Де Зерби се кандидати за испразнетото место.
57-годишниот Австралиец засега е фаворит откако обезбеди двојна титула во неговата прва сезона на „Селтик Парк“.