Одложеното коло во Премиерлигата ќе се одигра дури во април?

96

Со оглед на тоа што Светското првенство во Катар 2022 година ќе се одржи во ноември и декември, Премиерлигата практично и да нема слободен термин до крајот на оваа година во кој ќе може да се одиграат одложените средби од ова викенд коло.

Според пишувањата на англиските изданија, единствен логичен термин за одигрување на овие дуели е периодот април-мај 2023 година.

Во моментов има само три празни места во средината на неделата (вторник-четврток) почнувајќи од 4 април, 2 мај и 23 мај. Тие датуми би изгледале најреални за преуредување на календарот и вметнување на одложените средби од оваа недела, но тоа би можело да се покаже проблематично доколку има нови одложувања по каков било основ.

ПретходноАдис Јаховиќ се повлекува од репрезентацијата на Македонија
СледноФото на денот: Играчите на Струга ТЛ со торта му го честитаа роденденот на тренерот Захариевски!