Тиаго Мота е наследникот на Михајловиќ во Болоња

125

Болоња на својата официјална интернет страница објави дека Тијаго Мота е нивниот нов тренер. Тој доаѓа на местото на Синиша Михајловиќ кој беше тргнат од позицијата поради слабите резултати на стартот на новата сезона.

Договорот на некогашниот фудбалер на Интер е до летото 2024 година. Претходно тој беше тренер на младинската екипа на ПСЖ и на Џенова и на Специја.

По шест кола Болоња има шест бода и е на 12. место во италијанската Серија А.

Мота ќе дебитира на клупата на Болоња на мечот против Емполи на 17 Септември.

 

ПретходноШкупи казнет со 44.000 евра!
СледноЛиверпул се мачи со резултати и со повреди: Уште еден играч отпаѓа за дуелот со Ајакс