Фудбалерите на Баерн се лути на Нагелсман: Секогаш ги прозива – никогаш не превзема одговорност!

308

Баерн Минхен ремизираше 2:2 против Штутгарт во саботата на „Алијанц арена“ откако прими гол во судиското надополнување, а тоа беше трето последователно реми на стартот од шампионатот. Баерн по шест кола е трет на табелата со два бода помалку од водечкиот Унион и прилично неубедлива игра.

„Билд“ пишува дека ситуацијата не е најдобра ниту во соблекувалната, каде главните играчи наводно му свртиле грбот на Јулијан Наглесман, замерувајќи дека постојано отворено ги критикува, а во исто време не сака да преземе дел од одговорноста.

„Билд“ открива дека по мечот со Штутгарт, најискусните играчи Мануел Нојер, Џошуа Кимих и Леон Горец го напуштиле стадионот без збор, што е невообичаено, а еден од ретките кои дале изјава е Томас Милер.

„Бесен сум на себе и на сите нас. Секој мора да се погледне во огледало и да размислува за себе. Сите, од прв до последен“, рече Милер додека Нагелсман повторно ги повика поединците во неговиот тим по натпреварот:

„Ни недостигаше агресивност. Премалку ризикувавме и бевме малку алчни во нападот. Имавме три големи шанси за да постигнеме гол, но Мусиала, Гнабри и Сане не реагираа добро во тие ситуации“.

„Билд“ тврди дека играчите почнале да се сомневаат во Нагелсман и неговата тактика откако Баерн не успеа да победи во три кола, што навистина е рекост. Во негова одбрана застана спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, кој потенцира дека не е навикнат на клуб како што е Баерн.

ПретходноДуелот Арсенал-ПСВ е одложен, Англичаните немаат доволно полиција да го обезбедат мечот!
СледноМарковски не е веќе тренер на Работнички!