Активност на Карате Федерација на Македонија: Одржан “Денот за карате”

306

На ден 11.9.2022 во салата при ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче во Скопје се одржа заеднички тренинг под наслов „Ден за карате“ на кој беа поканети сите клубови членки на КФРСМ со своите тренери и натпреварувачи за сите возрасни категории од кадети, јуниори , У21 и Сениори . Натпреварувачите и Селекторите одржаа тренинг за кати и борби каде имаа можност да разменат искуство со повеќе партнери од различни клубови од цела Македонија и под водство на селекторите и нивните заменици од соодветните возрасни категории

Во кумите

-Сениори и У21 Александар Кузмановски , Мартин Несторовски и Наташа Стефановска

-Јуниори Берат Јакупи и Стевче Христовски

-Кадети Дејан Ристевски и Мурсељ Мисими

-У14 Шефи Речи и Ивица Милевски

-У 12 Дурим Пачуку и Мартин Петрески и Селекторите Во Кати

-Сениори и У21 Стојан Андриевски

-Јуниори Ивана Аврамова

-Кадети Неџби Дервиши

-У14 Муарем Имери

-У12 Маја Војдиновска како и во присуство на своите клубски тренери се стекнаа со нови карате знаења . Исто така настанот беше и одлична можност за размена на тренерски и судиски искуства каде главен дел имаше судиската комисија на Карате Федерација на Македонија. Во рамките на настанот „Ден за карате“, тренерите имаа и заеднички состанок со претседателот на КФРСМ Петар Белистојаноски и директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини на кој воглавно се слушнаа предлози и мислења за измена и дополна на правилникот за работа на национални репрезентативни селекции на КФМ од страна на присутните тренери . Состанокот помина во работна и конструктивна атмосфера а за сите дадени предлози, претседателот напомена дека истите ќе бидат земени во предвид и ќе бидат вметнати во предлог текстот за правилник . Кој доколку биде од сите прифатен од сите клубови , на крај ќе се даде на изјаснување до членовите на ИО на КФМ.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноМеси: Треба да пишуваат дека јас сум фудбалскиот Ману!
СледноПукнаа „суспензии“ па пукна и “петарда“ на Чаир