Арда Туран на 35 години одлучи дека е време да стави крај на својата фудбалска кариера. Еден од најдобрите турскли фудбалери во изминатава деценија и половина, реши дека е доста и најави дека веќе нема игра професионален фудбал.
Контроверзниот Туран до минатата сезона играше за тимот на Галатасарај, клуб кој не сакаше да му го продолжи договорот. Инаку Туран најмногу ќе се памети по големиот трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона во таа 2015 година за 35 милиони евра, но Турчинот на “Камп Ноу“ не се наигра нешто. Важи за едно од најголемите трансфер – промашувања во историјата на каталонскиот гигант.