Дали ВАР погреши: Зошто никој на судијата не му покажа каде стои Кандрева?

360

Бурата по вчерашниот дуел од СеријаА меѓу Јувентус и Салернитана (2:2) никако да престане. На Јувентус му беше поништен гол за победа, за кој се чини погрешија и луѓето од ВАР собата и главниот судија.

Судиите проценија дека Бонучи бил во недозволена позиција откако Милик биеше со глава, меѓутоа Алегри на прес-конференцијата посочи дека треба уште еднаш да се погледне видеото од целата акција и ќе се види каде стои фудбалерот на Салернитана, Кандрева. Алегри тврди дека Бонучи не бил во офсајд.

„Не сакам да зборувам за судиите после натпреварите. Нас ни беше поништен гол и тоа е факт од кој не се бега. Се што ќе кажам е да се погледне видеото каде што се гледа каде е Кандрева. Никој на судиите на теренот не им го покажа тоа видео, не знам што да кажам“, изјави Алегри.

ПретходноПех за Словенија: Помладиот од браќата Драгиќ се повреди и го заврши Евробаскетот
СледноИграчите се свртеа против Нагелсман: Нека си ги преиспита тактичките замисли