Италијанските репрезентативци му ја вратија кредитната картичка на “лудиот“ Поцеко!

1177

Веќе втор ден една од централните теми во светот на спортот е “лудиот“ Џанмарко Поцеко, селекторот на италијанската кошаркарска селекција. Имено по вчерашната победа на неговата селекција против Србија, Поцеко во Арената во Берлин правеше такви лудости што навистина беше нешто невидено. Беше среќен по триумфот на Италија и пласманот во следната фаза. По мечот тој им ја даде својата кредитна картичка на играчите со цел да се почестат.

Во текот на денешниот ден тие му ја вратија, поточно Марко Спису, кој беше херојот на Италија со постигнати 22 поени, му ја врати кратичката на својот селектор.

Е, сега, не се знае дали истата е испразнета или пак тие не ја употребиле.

ПретходноДаноски стрелец на убав гол за Радник Сурдулица!
СледноПаника во репрезентацијата на Словенија: Лука Дончиќ е повреден!!!