Ливерпул лошо ја почна сезоната во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите. Во домашниот шампионат не му оди како што треба, а во 1.коло од групите на ЛШ доживеа дебакл од Наполи со 4:1. Тренерот Јирген Клоп мора да ја најде победничката формула против Ајакс во 2. коло од групната фаза. Левиот бек Енди Робертсон нема да може да му помогне на тимот во наредните две недели поради повреда. Тој се повреди во финишот на мечот со Наполи, отпрвин се мислеше дека повредата не е сериозна, но, сепак, подоцна е утврдено дека, сепак, фудбалерот ќе мора подолго време да паузира.
Тој ќе го пропушти утрешниот меч со Ајакс, но нема да пропушти ниту еден дуел од Премиер лигата затоа што мечот со Челзи е одложен, а потоа следува репрезентативната пауза.
Робертсон е осмиот повреден фудбалер во моментов. На почетокот на сезоната ситуацијата беше полоша поради десет повредени фудбалери.
Во моментов освен Робертсон, вон стројот се Окслејд-Чембрлејн, Наби Кеита, капитенот Џодран Хендерсон, Ибрахим Конате, Кертис Џонс, вториот голман Кевин Келехер, потоа младиот дефанзивец Калвин Ремси и младиот португалски офанзивец Фабио Карваљо.