Меси: Треба да пишуваат дека јас сум фудбалскиот Ману!

268

Еден од најдобрите неамерикански кошаркари на сите времиња, Ману Џинобили, влезе во Куќата на славните во Спрингфилд изминатиов викенд. Легендарниот Аргентинец освои четири НБА титули со Сан Антонио Спарс, а меѓу успесите со репрезентацијата е и олимпиското злато во Атина во 2004 година.

Некои медиуми Џинобили го нарекуваа кошаркарскиот Меси, а фудбалската суперѕвезда слушна за таа споредба и беше изненаден.

„Горд сум што велат дека Ману е Меси на кошарката, но всушност треба да кажат дека јас сум Ману на фудбалот“, рече Меси, а неговите зборови ги пренесоа Спарс на социјалните мрежи.

 

ПретходноКОМЕНТАР НА 7.КОЛО: Конечно Шкупи покажа зошто е шампион, Струга ТЛ станува ЗДОДЕВНА….
СледноАктивност на Карате Федерација на Македонија: Одржан “Денот за карате”