Лорис Кариус е пред сензационално враќање во Премиерлигата, откако се појавија информации дека го минал лекарските прегледи во Њукасл. Голманот е слободен играч откако беше ослободен од Ливерпул во јуни по шест години минати на „Енфилд“.
Кариус имаше вкупно 49 настапи за „црвените“, но ниту еден по она катастрофално преставување во финалето на ЛШ против Реал Мадрид во 2018 година.
Германецот потоа беше испратен на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин пред да ја помине минатата сезона како петти голман на Ливерпул. Угледниот италијански новинар Фабрицио Романо тврди дека Кариус веќе ги поминал медицинските прегледи и потпишал преддоговор со тимот од „Сент Џејмс Парк“. Се верува дека Њукасл го одложил објавувањето на потписот на Кариус од почит по смртта на кралицата Елизабета Втора.